Видео рубриката „Кратки нозе“ која почна да се емитува на Цивил медиа разоткрива неколку лажни вести, кои деновиве беа пласирани на социјалните мрежи и портали.
Една од поголемите заблуди кои се обидува да ги создаде Димитар Апасиев е дека неговиот повик за бојкот на пописот е успешен, а во прилог на тоа тој наведува дека 200 илјади граѓани уште сега одбиле да се попишат, но дека не се казнети „само затоа за да не се одтави траг“.
Петрит Сарачини од „Кратки нозе“ ги посочува небулозите кои Пасиев ги шири на социјалните мрежи, поентирајќи дека бројките на оние кои одбиле да се попишат се истресени од ракав без никаков доказ или релевантен показател. Како аргумент повеќе рубриката на Цивил медиа потсетува дека во пописот учествуваат и попишувачи од неговата партија кои успешно и одговорно си ја вршат својата работа. Една од нив е сопругата на кандидатот за градоначалник по дреден број 32, како и брат за советник во Велес но и други лица, членови на „Левица“. Оттаму, заклучуваат од „Кратки нозе“ излегува нејасно кој ги попиша овие 200 илјади наводно непопишани граѓани како и дилемата дали „Левица“ ги бојкотира и попишувачите на „левица“.
Од друга страна, директорот на ДЗС уверува дека и оној мал број на оние кои се двоумат дали да се попишат или не по мал разговор со нив прифаќаат да бидат попишани.
Инаку за потсетување досега се попишани над еден милион и триста илјади граѓани, а голем број од непопишаните со нетрпение ги очекуваат попишувачите за да си ја извршат оваа граѓанска должност.