Стефан Кирков, во име партијата во која членува, ВМРО-ДПМНЕ, денес излезе на прес конференција со низа обвинувања за Јавното претпријатие за третман на улични кучиња „Лајка“.
Во прес конференцијата Кирков се обраќа на директорката на претпријатието, Тина Петрушевска и на членовите на управниот одбор, предводени од претседателот на УО, Никола Савовски, за кои тврди дека имаат наводен судир на интереси со „Лајка“.
Претседателот на Управниот одбор на јавното прептријатие, Савовски, преку објава на социјалните мрежи ги демантираше обвинувањата и побара од Кирков да објави докази или во спротивно да се извини за изнесените тврдења.
„Целосно ги демантирам искажаните невистини. Ниту сум извршувал одредени работи со било каков договор за најмување на самиот себе, ниту сум давал дополнителни услуги во ЈП ‘Лајка’, или сум земал било какви финансиски средства од ЈП ‘Лајка’“, вели во објавата претседателот на УО, Савовски.
Бидејќи ми нарушен угледот и интегритетот, додава Савовски, очекувам било каков доказ, а во спротивно барам јавно извинување.
Покрај Савовски, Кирков ги наведува како пример за судир на интереси членовите на УО, професорот на ветеринарниот факултет, Влатко Илиевски и сопственичката на коњичкиот клуб „Бравадос“, Љупка Аврамовиќ, за наводен судир на интереси.
Савовски, Илиевски и Аврамоќ се професионалци, секој во своето поле и секојдневно работат на подобрување на состојбата со животните, особено уличните кучиња, нивно заловување и евентуално идно вдомување. За придонесот на Савовски, Илиевски и Аврамовиќ како членови на Управниот одбор, но и како професионалци, говорат делата кои ги оставиле зад себе, за кои ниту Кирков, ниту било кој од неговата партија досега слушнале.
ЈП „Лајка“ е прво јавно претпријатие од ваков тип во државата и пошироко, кое од своето основање до денес бележи позитивни резултати. Со спроведување на програмата за работа на ЈП „Лајка“ е првата алатка во синџирот за решавање на проблемот со бездомни кучиња и нивно вдомување, која наидува на голема поддршка од граѓаните на Скопје и околината.
„Лајка“ не е претпријатие на градоначалникот Шилегов, ниту на директорката, Петрушевска, ниту на Савовски, Илиевски, Аврамовиќ или другите членови на Управниот Одбор, туку на сите граѓани на Скопје.