Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека во изминатите 10 дена изработил 3500 уверенија и потврди од Кривична и Казнена евиденција, а по барање на сите кандидати за членови на совети и кандидати за градоначалници од политичките партии, коалициите и групи избирачи, родени на територија на град Скопје, а неопходни за учество на престојните локални избори.
„ Согласно чл. 67 ст.3 во врска со чл.7 ст.3 од Изборниот законик сите Oпштински комисии, електронски ги доставија личните податоци на
кандидатите, а во рок од 24 часа судот ги изврши соодветните проверки, ги изработи Уверенијата и Потврдите и електронски ги достави решенијата до комисиите.
Во однос на критиките на одредени политички субјекти објавени на социјалните мрежи, ја информираме јавноста дека одделот за Казнена
евиднеција во судот постапуваше по сите барања по завршување на работното време како и во текот на викендите, пред се затоа што голем
дел од кандидатите и општинските изборни единици ги доставуваа барањата по истек на рокот од 11.09.2021 година за пријавување на кандидати“ наведуваат од судот.
Исто така додаваат дека судот, за овој период, доследно ги почитувал и роковите за прием, проверка и изработка на уверенија и потврди на сите граѓани чии барања не беа поврзани со изборите, па во тој правец. Од судот апелираат, согласно протоколите за заштита од Ковид–19, за потребата од воведување на електронско аплицирање и издавање на уверенијата и потврдите.