Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Очајот на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа до израз, експресно нарачаа и измислија анкета

Откако последната анкета на Брима ја потврди високата доверба што ја уживаат премиерот Зоран Заев и владејачката коалиција предводена од СДСМ, опозициската ВМРО-ДПМНЕ експерсно нарача наместена анкета, која се обидува да ги прикаже како партија со повисок рејтинг.

Анкетата од непознатата агенција се појави само на неколку про-опозициски медиуми и се цитира со бројки според кои ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција имаат повисок рејтинг од коалицијата на СДСМ.

За наводната организација која ја спровела анкетата нема никакви информации, а резултатите прикажани во оваа наместена анкета на опозицијата се во сосема спротивност со сите анкети објавени од релевантните агенции и организации оваа година.

Оваа сомнителна анкета про-опозициските медиуми ја објавија во истиот ден откако „Слободен печат“ ја објави анкетата на Брима, која ја потврдува високата доверба на граѓаните во премиерот Заев и владината коалиција предводена од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Европско истражување: 80% од македонските граѓани не би го сменале политичкото убедување за пари

ДЕСК

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026

ДЕСК