Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Во Скопје за еден ден казнети 184 возачи, од нив 39 за брзо возење

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден (17 септември) спровела акциски контроли на територијата на град Скопје.

Како што информираат од МВР, притоа изречени биле вкупно 184 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 27 за возење без возачка дозвола, шест за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени биле и 9 мерки за користење мобилен телефон, 4 за некористење сигурносен појас, 8 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, како и 50 за непрописно паркирање.

Од ресорното министерство нагласуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли ќе продолжат во текот на викендот.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичиџа затворен за сообраќај – Каква е ситуацијата на патиштата?

ДЕСК

Земјотрес ја стресе Македонија

ДЕСК