Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вмешаност на функционери на Алијанса на Албанците во вчерашните протести?

Се појавуваат нови докази, кои ја инволвираат Алијансата за Албанците во вчерашниот протест каде имаше уапсени лица, но и повредени полицајци, пишува порталот на албански јазик Tetovasot.com.

Член на претседателството на Алијансата била забележана како го пробива кордонот, а повик за тоа членството и симпатизерите на оваа партија да присуствуваат на вчерашните протести упатил и Арбен Зекири, шеф на ПР службата во оваа партија. Тој повикал на поддршка на протестот, но без партиски симболи.

Инаку вчерашниот протест кој беше најавен како мирен се претвори во ужас, кога беше каменувана полицијата.

Тетовската полиција вчера уапсила три лица – Б.А.(31) од кичевското село Туин, Н.Б.(52) од тетовска Мала Речица и Џ.С.(33) од Вешала, затоа што се однесувале агресивно и физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија за време на вчерашниот протест во Тетово.

Од истите причини денеска се уапсени и В.А.(33) и А.Ш.(30), двајцата од Тетово.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК