Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев – Маричиќ: Со Изборниот законик обезбедивме дополнителни гаранции за локални избори според највисоки стандарди

Премиерот Зоран Заев и министерот за правда, Бојан Маричиќ, примија делегација на мисијата за следење на локалните избори на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), предводена од шефицата на мисијата Тана де Зулуета.

Премиерот Заев и министерот Маричиќ на средбата истакнаа дека сите подготовки за спроведување фер и демократски избори за градоначалници и за совети во општините во надлежност на Владата се спроведени во целост во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР, вклучувајќи и поголем дел од оние кои се однесуваа и на Изборниот законик.

Тие на средбата соопштија дека со прифатените амандмани на Изборниот законик кои поминаа со големо мнозинство од сите политички партии во Собранието, се обезбедени дополнителни гаранции за спроведување на локалните избори според највисоки стандарди.

„Како дел од прифатените амандмани е и предложеното дополнување во Законот со кој се утврдува зголемувањето на отчетноста, транспарентноста и контролата на државните ресурси за време на изборниот процес. Во таа насока, за остварување целосен надзор, сите државни институции се задолжени до Државната комисија за спречување на корупцијата да достават податоци за сите моторни возила со кои располагаат со цел увид во нивното користење за време на изборите и спречување на евентуални злоупотреби“, соопштија од Владата.

Можеби ќе ве интересира

НАПАД И ЗАКАНИ ВО КАЗИНО ВО ЛЕШОК – 31-годишник пријавил дека го нападнале три лица

ДЕСК

ДЕНЕСКА СЕ ОЧЕКУВА ЕВРОПСКИОТ ИЗВЕШТАЈ – Марта Кос ќе ги претстави оценките за напредокот на Македонија

ДЕСК

МАЛОЛЕТНИК НАПАДНАТ КАЈ „БИЗНИС ЦЕНТАРОТ“ ВО ПРИЛЕП – Таткото го пријавил случајот

ДЕСК