Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Сончево време со температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, кој во пределот од Кумановско до Штипско краткотрајно ќе се засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во наредните денови следува период на значително топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела ќе се зголемат условите за појава на нестабилност и пороен дожд проследен со засилен ветер.

Можеби ќе ве интересира

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев, вели СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче

ДЕСК

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК