Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Лицата од Авганистан и поставеноста на системот за управување со кризи пред Советот за безбедност

Во кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија се одржува 13. седница на Советот за безбедност, на која се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија и за поставеноста на системот за управување со кризи, информираат од кабинетот на претседателот.

Според соопштението од кабинетот, освен членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Стево Пендаровски на седницата ќе присуствуваат директорите на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, и на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.

Можеби ќе ве интересира

Акција на полицијата во Скопје: Апсења и заплени на повеќе точки во градот

ДЕСК

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

ДЕСК

Со брза реакција на полицијата, пронајдено е возилото на косовски државјанин само неколку часа откако беше пријавено за одземено

ДЕСК