Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сончево време со температура до 32 степени

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста и во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со мала, а попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 29 степени.

Утре ќе преовладува претежно облачно време, а од понеделник и во следните денови стабилно, сончево и потопло.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК