13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мирен марш за трагично загинатите во Тетово

Во Тетово денеска беше одржан граѓански марш во знак на почит кон 14-те луѓе кои ги загубија животите во пожарот во модуларната болница. Маршот почна од градскиот плоштад до изгорената модуларна болница.

Пред тргнувањето на маршот на плоштадот симболично беа засадени дрвја во знак на почит кон загинатите сограѓани. Групата тргна од градскиот плоштад и се движеше преку булеварот „Илинденска“ се до улицата „29 Ноември“ по што се доближи до новиот пристапен пат кој води позадимодуларната болница. Таму беше положено цвеќе и венци, а беше оддадена почит и со минута молк. Беа поставени и неколку транспаренти со натписите „Жив сум – протестирам“ и „Човечкиот живот има вредност“.

„ Ние сме навивачи, ова не е протест, не е политички мотивиран, туку само мирен марш за почит кон загинатите во пожарот“, изјави Башким Идризи од навивачката група „Балисти“ кои ја покренаа иницијативата за маршот преку социјалните мрежи.

На маршот се придружија голем број граѓани на Тетово.

По маршот и церемонијата кај изгорената модуларна болница групата граѓани мирно го напушти местото.

Можеби ќе ве интересира

Почина пензиониран полицаец кој беше испратен во притвор поради трагедијата во “Пулс”

ДЕСК

Мицкоски: Клучката кај Момин Поток е еден од врвните приоритети, затоа на 19 октомври да гласаме за број 9 за решавање на проблемите на граѓаните на Скопје

ДЕСК

Алиу-Дрекслер: Со Германија имаме традиционално успешна соработка, посебна благодарност за поддршката во лекувањето на повредените од Кочани

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.