Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

За да го добие детето по разводот, стружанец со лажен документ докажувал дека поранешната сопруга е луда

Со цел да го добие детето по разводот, стружанец со помош на неговата сестра обезбедил лажно лекарско уверение дека неговата поранешна сопруга е психички болна, информира полицијата.

Од таму појаснуваат дека ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Ш.(61) од струшко, А.А.(23) од струшко и А.М.(28) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „издавање и употреба на невистинито лекарско уверение“.

Во текот на 2019, А.А. со цел да го добие детето во бракоразводна парница, решил да обезбеди невистинито лекарско уверение дека неговата поранешна сопруга е психички болна и ја ангажирал А.М. – негова сестра да му обезбеди лажно лекарско уверение.

На 03.12.2019 година, без присуство на оштетената, која се наоѓала надвор од државата, извадила уверение кое му го предала на нејзиниот брат да го приложи како доказ во Меѓуопштински центар за социјални работи, кое го примил Е.Ш..

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК