Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсен малолетник од скопски Аеродром осомничен за три кражби

Малолетник од скопски Аеродром е уапсен под сомнение дека извршил три кривични дела кражба.

Според полицијата, на 6.9.2021 во 16:30 часот на подрачје на Аеродром од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода малолетник поради постоење основано сомнение дека сторил три кривични дела кражба казниви по член 235 од Кривичен законик.

Со малолетникот е извршен разговор во присуство на родител, а пронајдените предмети се одземени.

За настанот, велат надлежните, е известен и јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

СРЕДБА СО „ПРИЈАТЕЛИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН“ – Сиљановска во Брисел разговараше за реформите и евроинтеграцијата

ДЕСК

СОВЕТОТ ГО ПОТВРДИ ИМЕНУВАЊЕТО – Искра Хаџи-Василева ја презема функцијата во ОЈО ГОКК на 14 ноември

ДЕСК

ПОВИЦИ ЗА ПРОПУШТЕНИ МРП ВАКЦИНИ – Во Бит-пазар расте одѕивот на родителите

ДЕСК