Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца скопјани, извршиле кражба во куќа, украле пари и златен накит

Две лица од Скопје се приведени поради сомнение дека извршиле кривично дело кражба во куќа, информира полицијата.

На 7.9.2021 од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода биле лишени од слобода Е.Х.(31) и П.П.(27) двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 31.8.2021 на ул. Кумановска извршиле кривично дело кражба во куќа, при што одзеле пари и златен накит.

Со нив бил извршен разговор во кој го појасниле начинот на извршување на кривичното дело.

Според полицијата, се преземаат и дополнителни мерки и активности за расчистување и документирање на делото, по што ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Митева: Шпанскиот тенор Хозе Карерас со македонските музички великани дел од прославата за одбележување на 35 години независност на Македонија

ДЕСК

ВЕЛОСИПЕДИСТ НАПАДНАТ ВО АЕРОДРОМ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Му го одзеле ранецот со пари и лични предмети

ДЕСК

ЗАТАЛКАНО ЗРНО ЗАВРШИЛО ВО АВТОМОБИЛ ВО ТЕТОВСКО: Оштетен кровот на „ауди“

ДЕСК