14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Обид на Таравари да добие ниски политички поени од трагедијата во Тетово (ФОТО)

Градоначалникот на Гостивар и истовремено генерален секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари бесрамно се обидува да добие политички поени од трагедијата што се случи синоќа околу 21 часот во Тетово, пишува opinionhqip.live.

Таравари од синоќа не престанува да пишува политички статуси на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук во врска со пожарот што избувна во модуларната болница на тетовската клиника.

Тој во еден од своите статуси напишал: „Го молиме Господ да го запре кошмарот што го снајде Тетово, град кој плаќа страшна сметка !

Синоќа во доцните часови, напиша Таравари, односно го сподели статусот на Фејсбук на еден од своите сопартијци во кој беше напишано: „Трагедија и катастрофа за која мора да се бара отчетност и одговорност од сите оние кои вчера маршираа “, статус што беше избришан неколку минути подоцна од Таравари откако доби голем број негативни коментари за неговата објава.

Утрово градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари го продолжи обидот да освои ниски политички поени и да ја искористи трагедијата што го снајде Тетово!

Тој на својата официјална страница на Фејсбук напиша „ ОСТАВКА НА ВЛАДАТА !

Спонзорирано: