Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Спрегата со криминалците и одбрана на криминалот се заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение за јавност на СДСМ како реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ останува партија на браникот на криминалот, навикната да го контролира судството и обвинителството, да диктира пресуди по телефон и да поставува судии од тефтерчето.

Спрегата со криминалците е заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски не успеа да ги заштити криминалците во своите редови, како Миле Јанакиевски, Митко Чавков, Гордана Јанкуловска, Спиро Ристовски, Ѓоко Поповски, кои издржуваат затворски казни, Сашо Мијалков, Орце Камчев, кои се во притвор, осудениот бегалец Никола Груевски…

Од Белата палата не можат да се помират со тоа што законите важат за сите подеднакво, што јавноста сведочи на пресуди и санкции кон лица за кои со години се веруваше дека се над законите, дека се недопирливи.

Ништо не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на криминалот и корупцијата, а СДСМ е посветена на обезбедување бескомпромисна правда за сите, законот важи за сите подеднакво, а секој што се огрешил пред законот ќе одговара.

ВМРО-ДПМНЕ останува единствен на браникот на криминалот и затоа го чека уште еден пораз од граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК