Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пунктот за вакцинација на УКИМ ќе биде отворен секој работен ден од 8 до 14 часот

Вакциналниот пунк на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој ќе биде ставен во функција до крајот на оваа недела, ќе биде отворен секој работен ден, од 8 до 14 часот.

Како што појасни ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, во него ќе работат обучени лица, двајца доктори и две сестри од Поликлиниката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Просторот е снабден со информатичка, како и медицинска опрема согласно постојниот протокол и потребите.

„Целта на вакциналниот пункт е да се олесни и забрза процесот на вакцинација на студентите и вработените на нашиот Универзитет, со што Универзитетот веќе обезбеди простор и соодветна опрема за таа намена, во Кампусот на општествените науки на приземјето на Економскиот факултет“, вели Јанкуловски.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК