Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен штипјанец кој крадел од продавница

Врз основа на судска наредба штипската полиција вчера уапсила 43-годишен жител на овој град, со иницијали Т. З., за издржување казна затвор за сторено кривично дело кражба.

При преглед кај него биле пронајдени предмети што потекнувале од кражба извршена околу 10 часот во продавница на улицата Иво Лола Рибар во Штип.

Украдените предмети му биле вратени на сопственикот, а Т. З. бил спроведен во струмичкиот затвор.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ЖЕШТИНА, ПА НЕВРЕМЕ: Македонија ја чека нестабилен период со пад на температурите

ДЕСК

ГРАДОТ ГОРИ, А СЕНКА НЕМА: Летото ги открива сите урбани промашувања

ДЕСК

Јавниот долг во фокусот на собраниска работилница

ДЕСК