Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Автомобил се судри со мопед, повредени мопедистот и неговиот сопатник

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера на улицата 101 во Гостивар помеѓу патничко моторно возило „фолксваген т-рок“, управувано од А.Б.(68) од Гостивар и мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.М.(24) од Гостивар.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мопедот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар“, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

ДЕСК