Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Наставата ќе биде квалитетна и безбедна

На редовен координативен состанок на министерката за образование и наука, Мила Царовска, со директорите на средните училишта во државата, се разговараше за финалните подготовки со цел успешен старт на учебната година, која согласно одлука на Владата, а на предлог на МОН и на препорака на Комисијата за заштита од заразни болести, ќе почне на 1 септември со настава со физичко присуство на учениците.

„Задоволна сум што оваа година сите училишта подготвителните активности ги почнаа порано од вообичаеното во изминатите години и што одговорноста е подигната на значително повисоко ниво, заради остварување на заедничката цел, а тоа е да обезбедиме квалитетна настава за учениците и при тоа да го заштитиме нивното, а со тоа и да придонесеме кон заштита на јавното здравје“, рече Царовска.

За учениците, додаде таа, нема подобра алтернатива од настава во училница.

„Така ќе стекнат повеќе и поквалитетни знаења, а интеракцијата со врсниците и со наставниците е од големо значење за нивната социјализација и правилен психофизички раст и развој“, рече Царовска.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК