Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Оштетен јарболот и тргнато знамето на Бугарија пред конзулатот во Битола

Министерството за надворешни работи го осуди оштетувањето на јарболот и отстранувањето на знамето на Бугарија пред конзулатот во Битола.

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро го осудува оштетувањето на јарболот и отстранувањето на знамето на Република Бугарија на Трговско-економското претставништво при Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола. Овој вандалски и неодговорен акт на некој поединец, чиј идентитет ќе биде предмет на разгледување од страна на надлежните органи, во никој случај не треба да се поистоветува со населението на овој традиционално конзулски и космополитски град“, се наведува во соопштението.

МНР нагласува дека ваквите изолирани и неконтролирани однесувања не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете држави, како и заедничките напори за напредок во нашите заложби за понатамошна интеграција во Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

НОВА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ – УХМР најавува дожд на запад, ветер над 60 км/ч и температури до 22 степени

ДЕСК

СИН ЈА ЗАПАЛИЛ КОЛАТА НА МАЈКА СИ ВО СКОПЈЕ – Потоа се заканил дека ќе го запали и станот

ДЕСК

МВР СО СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО РОДИТЕЛИТЕ – Опасна интернет-група ги таргетира децата преку игри и социјални мрежи

ДЕСК