7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Шилегов: Арсовска се крие дека е независна, и врапчињата знаат дека ќе биде кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ

Даниела Арсовска се крие дека е независна кандидатка, а и врапчињата знаат дека е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Таа ги потценува граѓаните со ова криење, смета градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов за дневникот на ТВ Сител.

Според него, Арсовска се срами од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако е независна, која е листата на независни советници? Тие што се кријат како независни, ја убиваат граѓанската иницијатива и се уништува невладиниот сектор. Ми пречи тоа. ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш објавувал „независни“ кандидати, како Иванов, Силјановска-Давкова и Љубиша Георгиевски и после тоа тие т.н. независни стануваат најревносни партиски послушници. Најголемата опозициска партија се срами се да излезе пред скопјани во оваа ситуација, потенцира Шилегов.

Тој додаде дека е горд што е кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ и никогаш не се криел дека е социјал-демократ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: На нечесноста од ДУИ ќе одговориме сложно, сите кичевчани

ДЕСК

Филипче и Герасимовски го кренаа Центар на нозе – погледнете ја атмосферата

ДЕСК

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

ДЕСК