23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Не се влегува во политиката заради моќ туку да се биде сервис на граѓаните

Дел од планот за борба против корупцијата се и одлуките кои поминаа низ владината процедура, со кои се намалува бројот на членови на управни и надзорни одбори од 15 на 7 на државно ниво, а на локално на 5, рече во гостувањето на тв 21, вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски.

– Во политика не се влегува поради привилегии, туку како сервис на граѓаните, и не треба да имаме цел да бидеме дел од управни и надзорни, но ќе се гледа и стручноста на пример членопви да бидат правник, економист, а ќе се разгледува и висината на паушали итн, посочи тој.

Николовски појасни дека со посебна постапка ќе се бираат членовите.

– Влезени сме во постапка за ограничување на службените трошоци, денеска за тоа има строга процедура и се вклучени 1300 институции, а ќе донесеме и одлука за употребата на службените возилата, да не се користат од дома до работа и обратно, само за служнбени потреби и секако и паркирањето да биде на точно определени места. Да се докаже зошто се присуствувало на состанокот и кој се бил присутен,  едноставно да се направи запсиник. Тоа веќе ипраќа порака дека не се влегува во политика заради моќ и позиции, туку како сервис на граѓаните, рече Николовски.