Соопштение на Македонскиот Полициски Синдикат:
Почитувани членови на Македонскиот полициски синдикат,во јавноста преку социјалните мрежи од страна на некои “синдикати”континуирано
се пласираат лаги и невистини со кои истите тие од само за нив познати причини сакаат да ги доведат во заблуда како вработените во МВР така и пошироката јавност во Република Северна Македонија.
Имено како единствен репрезентативен синдикат во МВР ние од Македонскиот полициски синдикат секогаш сме говореле со факти за нашите реализирани барања во изминатите две години :
✔Од 01.09.2019 година е реализирано зголемување на платата за вработените во МВР за 5 %, со што се постигна поголема мотивираност во извршување на целите и задачите на вработените во Министерството во насока на остварување на мисијата и визијата на Министерството и стратешките приоритети на државата.
✔Со измената на Спогодбата за утврдување листа на плати за работниците во Министерството за внатрешни работи со статус на овластено службено лице која стапи на сила од 01.12.2018 година, се реализира планираниот процес на зголемување на бодовите на плата за 10 и 20 бодовите само за работната позиција „полицаец“, од категориите Е5, Е4, Е3 и Ж5, Ж4 и Ж3, а не и за останатите работни места во тие категории на наведените категории полицајци.
✔Од 01.01.2019 година во Буџетот на МВР побарани се и одобрени парични средства за исплата на зголемување на плата во износ од 80.000.000,00 денари на годишно ниво за 4.821 униформирани вработени со што се овозможи издвојување на основната категорија Е и Ж работна позиција помлад полицаец полицаец и виш полицаец од останатите вработени.
Ова е од особено значење Министерството имајќи предвид дека вакво зголемување за основната компонента полицаец се остварува за првпат од 1991 година.
✔Започнувајќи од 01.01.2020 година извршена е измена во Колективниот Договор на МВР со што се постигна зголемување на основна компонетна на плата во висина од 20% и 30 % во зависност од сложеност на работа по работни места за вработените во организациската единица Оддел за информатика и телекомуникации.
Со оваа мерка е спречен одлив на вработени од Оддел за информатика и телекомуникации.
✔Во 2020 година извршена е исплата на бонус плата за 2017 година за 1.652 вработени во износод 42.086.352,00ден. и бонус плата за 2019 година за 5013 вработени во износ од 139.617.063,00 ден.
Од погоре наведеното почитувани колеги сите лаги на “несудениот градоначалник” се демантрини со докази.
Свесни сме, а свесен е очигледно и самиот “тој” дека фијаското на најавениот протест е неизбежно.
На крајот, додека останатите очигледно незнаат што со себе.
Сакаме да го увериме нашето членство да бидат спокојни и да не подпаѓаат под некакви квази пропаганди бидејќи
Македонскиот полициски синдикат има цврста и јасна агенда за работа за целиот мадантен период на ова раководството.
Продолжуваме како и досега да работиме посветено и аргументирано со нашиот социјален партнер, раководството на МВР, а во насока на остварување нашите барања кои се производ на секојдневните контакти со членството.
А членовите многу добро знаат да проценат кому да му ја дадат довербата да ги застапува нивните права и интереси.
Со почит
Македонски полициски синдикат
Претседател
Д-р Марјан Кицев