Centar.mk
МАКЕДОНИЈАЛОКАЛНО

НУРЕДИНИ: Започнува со градба фекалниот колектор и фекалната и атмосферската канализација за Урбан блок 21 во Гостивар

Претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање се сретнаа со претставниците на изведувачот и надзорот за проектот Изградба на фекален колектор, фекална канализација и атмосферска канализација за Урбан блок 21 во Гостивар. По средбата ја посетија локацијата од каде што ќе се започне со градежните работи.

Вкупна должина на фекалниот колектор изнесува околу 4,7 км., додека вкупната должина на канализационата мрежа за Урбан блок 21 изнесува околу 2.8 км. и треба да опслужи 2720 жители на Урбан блок 21 во градот Гостивар.

Со проектот е предвидена и изградба на атмосферска канализација со должина од 2,4 км.

Вкупната вредност на проектот согласно склучениот договор е околу 130 милиони денари, обезбедени од Буџетот на Министерството.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +