Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нуредини: Населените местa Камењане и Боговиње ќе добијат канализациона мрежа

Денес претставници на Министерството за животна средина и просторно плaнирање, на општина Боговиње и претставници на избраните изведувачи и надзор, во Камењане, одржа состанок за вовед во работите од проектот за Изградба на канализациона мрежа во населени места Камењане и Боговиње во општина Боговиње.

Проектот со кој ќе се обезбеди систем за одведување на комунални отпадни води за двете населени места е проектиран како трогодишна активноста.

Во населеното место Камењане канализационата мрежа ќе опфати 101 крак со вкупна должина од околу 23 км. Вредноста на овој дел од проектот околу 123 милиони денари.

Канализационата мрежа во населено место Боговиње ќе опфати 85 крака со вкупна должина од 28 км, а вредноста на овој дел од проектот е околу 143 милиони денари.

На средбата е договорено во рок од 15 дена се подготви Динамички план според кој ќе се реализираат изведбените работи.

Проектот е финансиран од Буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Христијан Мицкоски најави прес конференција за во 13 часот и 30 минути

ДЕСК

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: За чии интереси делува СДС, Башановиќ екс советникот на Заев и Милјан Шчекиќ ја креираат политиката и го водат ПР от на СДС

ДЕСК