Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Викендов во Скопје ќе се прска против комарци

Градот Скопје ги информира граѓаните дека на 14.08.2021 година (сабота) и 15.08.2021 година (недела), во раните утрински часови, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши авионска дезинсекција против комарци.

Терестричната дезинсекција против комарци, пак, ќе се одвива од 16.08.2021 година (понеделник) до 20.08.2021 година (петок), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Можеби ќе ве интересира

На крајот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта 177 353 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65 192 ученици ја завршиле годината

ДЕСК

За 0.3 % е намален бројот на деца во установите за згрижување и воспитание во 2025 година во однос на 2024 година

ДЕСК

51 тоалет ќе се реконструира во ОУ „Коле Канински“, современи стандарди за хигиената во училиштето

ДЕСК