Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен разбојник, расчистени девет кривични дела

По преземени мерки и активности, на 11.08.2021 година во 15.00 часот на бул.„Гоце Делчев“, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Х.З.(20) од с.Арачиново, скопско. Тој се сомничи дека во периодот од 22.06. до 10.08.2021 на кеј „Димитар Влахов“, на потегот од црквата Св.Богородица до МРТВ, извршил девет кривични дела „разбојништво“.

Тој бил приведен во полициска станица и во присуство на Јавен обвинител било извршено препознавање од страна на оштетените. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена пријава по член 237 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК