Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

579 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за превенирање и гасење на пожарите

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 11.08.2021 до 07.00 часот денеска (12.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 579 полициски службеници, реализирани 187 мото-патроли и користени 149 возила, a на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.

На 10.08.2021 во Полициска станица Делчево, во врска со пожари кои настанале на подрачјето на ОВР Делчево, на службен разговор биле повикани две лица на возраст од 57 и 47 години, од с.Нов Иственик и од с.Црник.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

Можеби ќе ве интересира

Каква е состојбата на патиштата утрово?

ДЕСК

Апасиев поднесе тужба за Гаши за поништување на надзорната расправа за Кочани

ДЕСК

УЖАС ВО СКОПЈЕ: Едно лице се бори за живот, откако грубо бил претепан со тупаници и водоводџиски клешти се додека не паднал во бесознание – За двајца се очекува притвор

ДЕСК