Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Разбеснет бик си го уби сопственикот во Штип

Разбеснет бик денес во месноста Плуждино кај Штип си го уби сопственикот. Трагичниот настан се случил во моментов кога сега покојниот сточар се обидувал да го врати бикот кај стадото, пишува ТВ Стар.

Во намерата 73 годишниот сточар со стап два пати го удрил бикот по што животното се разбеснело и тргнало во напад ,а тоа што се случувало за очевидците било нестварно затоа што бикот покажал невидена сила и гнев.

Откако соседите со камења успеале да го оддалечат разбеснетиот бик и повикале Брза помош и полиција.

Можеби ќе ве интересира

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК

ДРАМА ВО СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР: Се заканувале, а едниот се обидел да ја нападне вработената

ДЕСК

Апсења на повеќе локации низ Скопје – Шест млади лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК