Centar.mk
ЛОКАЛНО

(Видео) Иванова: Изградбата на новиот мост на реката Вардар во Аеродром во полн ек

Изградбата на новиот мост на реката Вардар во Аеродром, на булеварот АСНОМ, е во полн ек, информира Михаела Иванова, совентичка во Советот на Град Скопје.

„Град Скопје предводен од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов заедно со општините Аеродром, Гази Баба и Центар целосно го реализираат ветувањето за поврзувањето на овие општини со нов мост и модерно булеварско решение. Овој инфраструктурен проект придонесува кон намалување на сообраќајниот метеж во овој дел од Скопје. По изградбата на новиот мост и пробивањето на новиот коридор, граѓаните од Ново Лисиче до Судска палата со автомобил ќе стигнуваат за 5 минути, со автобус за 10 минути, со велосипед за 18 минути, а со пешачење за 35 минути“, вели Иванова.

Според Иванова, по мостот ќе сообраќаат и нови автобуски линии кои дополнително ќе го намалат сообраќајниот метеж.

„Исто така, велосипедското поврзување на оваа точка, оди во чекор со заложбите на градската администрација за што поголема употреба на велосипеди како превозно средство во Скопје и намалување на загаденоста на воздухот предизвикана од издувните гасови на возилата“, рече Иванова.

Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри. Самиот мост ќе биде долг 150 метри, со 6 коловозни ленти, како и велосипедски и пешачки патеки од двете страни.

Можеби ќе ве интересира

На крајот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта 177 353 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65 192 ученици ја завршиле годината

ДЕСК

За 0.3 % е намален бројот на деца во установите за згрижување и воспитание во 2025 година во однос на 2024 година

ДЕСК

51 тоалет ќе се реконструира во ОУ „Коле Канински“, современи стандарди за хигиената во училиштето

ДЕСК