Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Eксплозивна направа фрлена во двор во скопско Батинци

Ескплозивна направа била фрлена во двор од куќа во с. Батинци скопско, соопшти полицијата, повредени нема а причинета е материјална штета.

Рано утрово во 03.34 часот во СВР Скопје, С.С.(40) од с.Батинци, скопско, пријавил дека во 03.10 часот две лица фрлиле експлозивна направа во неговиот двор од куќа во с.Батици, која експлодирала.

Според пријавеното, повредени лица нема, а биле оштетени дел од фасадата на куќата, дел од оградата и паркирано патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки.

Надлежните објавија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банка

ДЕСК

Стојаноски: Граѓаните да бидат спокојни, Народна банка го администрира целиот процес со Алта банка, СДС да не шири хистерија

ДЕСК

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА БЕСПРАВНА СЕЧА – 45-годишник затекнат во државна шума над Подгорци

ДЕСК