Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на патот Арачиново-Сарај, додека полицајци вршеле увид во сообраќајна возило удри во камион и полициски автомобил, има повредени

На 07.08.2021 во 16.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница Скопје, во правец од с.Арачиново кон с.Сарај, пред с.Смилковци, додека полициски службеници вршеле увид на сообраќајна незгода, се случила уште една сообраќајна незгода во која Р.А.(32) од с.Отља, општина Липково, управувајќи патничко возило „сеат леон“, со кумановски регистарски ознаки, удрил во товарно возило ,,ман“, со полуприколка „шмидс“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(55) од Скопје, по што удрил во возило „бмв“, со германски национални ознаки, кое било учесник во претходната сообраќајна незгода и во службено патничко возило на МВР.

Со телесни повреди се здобиле полициските службеници и возачот Р.А., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Бил извршен увид на местото.

Можеби ќе ве интересира

ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР со нова прогноза

ДЕСК

ДИПЛОМА ИМААТ, РАБОТА НЕМААТ – Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се невработени

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ ЈА САКААТ ЕУ, НО НЕ И УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ – Објавени нови анкетни резултати

ДЕСК