Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Расчистена тешка кражба во Скопје, приведено едно лице

Приведен е 47-годишен скопјанец поради тешка кражба, извршена во периодот од 07 до 17 јули 2021 година.

Според информациите од МВР, осомничениот со патничко возило сопственост на фирма во која бил вработен, од катна гаража на бул.„Св.Кирил и Методиј“ одзел предмети и причинил материјална штета во вредност од околу 172.000 денари, уништувајќи го инсталираниот противпожарен систем во објектот.

Тој бил приведен во полициска станица и во целост го признал и го појаснил начинот на извршување на делото.

По комплетирање на службениот материјал против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК