Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

НУРЕДИНИ: УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско транснационално природно богатство

Нашата држава доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот парк Маврово. Имено, локалитетот Длабока Река на планинскиот масив Кораб со недопрената букова шума што се карактеризира со природни процеси што речиси се недопрени од човекот во последните 100 години е призната за Светско природно богатство на УНЕСКО на антички и исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа.

Одлуката за проширување на постојното транснационално природно наоѓалиште на букова шума во Европа, Комитетот на УНЕСКО ја донесене на вчерашната проширената 44-та сесија со која претседаваше Фужоу (Кина).

Номинацијата ја иницираше Министерството за животна средина и просторно планирање и Јавната установа Национален парк Маврово, а е изработена со поддршка на Институт за екологија од Клагенфурт, Австрија и национални експерти.

Можеби ќе ве интересира

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК

ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР: Напад со тврди предмети, едно лице пренесено на клиника

ДЕСК