Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се јавиле во Регионалниот центар за управување со кризи за помош.

„РЦУК, Тетово, во 18:30 часот, на повик од чешки планинар на Шар Планина во реонот на месноста Лешница, организираше и кординираше акција за спасување на повреден планинар, а и за пронаоѓање на целата група планинари (околу седум планинари) од Чешка којашто се имаше изгубено во природата на планината. Целата комуникација, сè до нивното пронаоѓање и згрижување на повредениот, со скршеница на рака, се остваруваше до 20.25 часот“, соопшти Центарот за управување со кризи.

Веднаш по повикот, пожарникарите на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Тетово и полицајците на СВР Тетотво тргнале да ги бараaт планинарите на непристапниот дел од планинскот регион, а возилото од Брзата помош од Тетово се доближило на можната најблиска точка за средба за да се згрижи повредениот планинар.

Можеби ќе ве интересира

СИН ФИЗИЧКИ ГО НАПАДНАЛ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО – Кривична пријава против 24-годишник од Пехчево

ДЕСК

УЖАС: 15-ГОДИШНИК ПРИЈАВЕН ЗА НАПАД ВРЗ МАЈКАТА – Полицијата постапува по случај во Аеродром

ДЕСК

ЈА ПОЛИЛ СОБАТА СО ЗАПАЛИВА ТЕЧНОСТ И СЕ ЗАКАНИЛ ДЕКА ЌЕ ЈА ЗАПАЛИ КУЌАТА – Сериозен случај во Куманово

ДЕСК