Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Штипскиот градоначалник Николов успешно реанимирал жена на плажа

На социјалните мрежи се појави информација во која се вели дека штипскиот градоначалник, Д-р Сашко Николов, успеал да реанимира жена која изгубила свест одеднаш додека била во водата и пропаднала.

„Во текот на попладневна плажа, сите си игравме со своите деца во водата, наеднаш една жена изгуби свест и пропадна во водата. Сите испаничено почнавме да бараме помош.Од никаде се појави едно момче, кое исплива од водата и веднаш почна да ја реанимира жената. После 15 минути момчето ја смири целата ситуација на самата плажа и од она што го видов, на жената и се врати бојата на кожата на лицето. Кога добро го загледав момчето,видов дека станува збор за нашиот градоначалник Д-р Сашко Николов, кој несебично се впушти во спасување на животот на жената. После 30 минути дојде брза помош, кои внимателно ги испочитуваа инструкциите од нашиот градоначалник, кој помогна да жената ја качат во брзата помош и ја однесат жива во болница. Кога се врати на плажата, сите започнаа да ракоплескаат а тој им посочи дека не треба да ракоплескаат туку да дадат поддршка за фамилијата на жената. Каков човек!!! Среќа што на оваа плажа беше нашиот доктор, нашиот штипски градоначалник“, стои во објавата на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

НЕБОТО ЌЕ СЕ РАЗЛУТИ ВО ПЕТОК: Се очекуваат поинтензивни процеси и пад на температурите

ДЕСК

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК