Centar.mk
БИЗНИС

ВМРО-ДПМНЕ: Легализацијата на криптовалутите ќе биде од бенефит за граѓаните и трговијата кон странство

Легализацијата на трговијата со криптовалути ќе биде од бенефит и за граѓаните и за правниот промет кон странство, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија претходно најави дека ќе изготви законско решение и ќе го поднесе до Собранието, за да ја легализира трговијата со криптовалути и нивното чување. Според решението, граѓаните кои што ќе тргуваат ќе бидат ослободени од ДДВ, а инвеститорите од данок на доход и данок на добивка најмалку до крајот на 2023 година.

„Со формализирање на трговијата ќе им се овозможи на нашите граѓани кои тргуваат со круптовалути да можат да ги разменуваат за пари во Македонија, а на правните лица ќе им се овозможи да вршат плаќања кон странство кон своите добавувачи или клиенти во криптовалути, и сето тоа да биде формално регистрирано како да се работи за жирално плаќање, со тоа ќе се овозможи поголема брзина во трансакциите и пократки временски рокови за вршење на плаќањето“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека над 40 банки во Германија веќе овозможуваат трговија и чување на криптовалути за своите клиенти. Пеј Пал тоа го прави во САД, а Виза има дебитни картички кои овозможуваат поддршка на криптовалути.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК