Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Над 200 казни за скопјани поради сообраќајни прекршоци за еден ден

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, 17 за возење под дејство на алкохол, 17 за управување возило без возачка дозвола.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК