15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Спасовски од Пробиштип: Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички

Имавме две опции кога ја презедовме власта – едната беше да работиме популистички и секогаш друг да обвинуваме за немањето успеси, а другата беше да преземем одговорност за клучните прашања и да носиме храбри одлуки“ кажа потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип.

Тој додаде дека со храбрите одлуки и носењето на клучни чекори за државата, Северна Македонија за 4 години стана членка на НАТО и ја врати слободата и демократијата.

„Денес сме членови на НАТО, каде што влеговме како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Ве уверувам дека со мудри политики и посветеност, пожртвуваност и храброст ќе ги отвориме преговорите за ЕУ и ќе станеме европска земја како Македонци кои зборуваат македонски јазик“ кажа Спасовски.

Потпретседателот на СДСМ потенцираше дека за македонскио идентитет, македонскиот јазик и македонскиот народ не се преговара.

„Опозицијата најмалку може за тоа да наоѓа замерки, бидејќи тие не покажаа став за ниту едно клучно прашање за иднината на земјата. Опцијата која тие ја претставуваат секогаш била опција која ставала сопка или нов нож во грбот на Македонија“ кажа Спасовски.

Спонзорирано: