22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Формирањето на агенцијата за Медицински канабис ќе ги штити инвестициите и ќе биде контролен механизам врз компаниите во овој сектор

– Единствени новини се формирање на агенцијата за управување со мед.канабис која што треба да го штити делот на инвестициите, државниот аспект и грижата за да не излегува надвор од контрола, вели премиерот Зоран Заев.

– Самата агенција ќе биде воспоставена да го штити и имиџот на државата затоа што сакаме преку ваквиот вид на инвестиции да акумулираме многу нови работни места, носи дополнително и БДП и тоа многу сериозен, проценките се 250 милиони евра и трето е се даваат квалитетни плати. Просечна плата таму е 700 евра затоа што е профитабилна дејност.

Втората значајна работа е што 10% од трошоците од вкупните фактури којшто ќе ги имаат изработено доаѓаат на посебна сметка во Владата која што заедно со МФ и МЗ ја изработува каде што дел процент одат на агенцијата за лекови, дел за агенцијата за медицински канабис, еден дел одат за ретки болести, едниот дел од за медиумскиот фонд, еден дел оди за култура и образование и еден дел за спорт. Така се поделени по 1,25% ако не се лажам по проценти. Тоа се сериозни пари од вкупниот обем. Тој дел од 10% се смета трошок на кампњата и на крајот си плаќа 10% данок на добивка. Тие се новините односно затвораме една регулатива.

Не се точни тврдењата дека со Законот ќе се овозможи извоз на сушен цвет. Тој веќе се извезува, по табелите кои министерството ги усвои согласно регулативите од ООН и европските регулативи тој се извезува. Имаме извоз на сушен цвет…“, вели премиерот Зоран Заев.