20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Даниела Николова: Рекордно ниво на инвестиции во ТИРЗ во првото полугодие, градиме конкурентна економија

Прес-конференција на Даниела Николова, пратеничка на СДСМ:

Навремените и ефикасни економски политики на Владата предводена од СДСМ придонесоа македонската економија денеска да е на стабилни основи, да биде развојна, динамична и конкурентна.

Доказ за тоа е економската активност во Технолошко развојните индустриски зони, која во вториот квартал од оваа година е на највисоко ниво во последните четири години.

Но покрај зголемениот извоз и увоз сведочиме и на рекордно прво полугодие во Технолошко развојните зони.

Во процедура на формално одобрување во ТИРЗ влегоа два нови договори, за компанијата Дура која ја проширува инвестицијата во трета фаза и Витек која инвестира во втора фаза.

Вкупниот обем на овие две инвестиции е 40 милиони евра со што заклучно со нив во првите шест месеци имаме склучени договори во вкупен износ 105 милиони евра.

Овие инвестиции отвораат 1.850 нови работни места, над 2 милијарди приходи, а во државата меѓу другото да уплатат над 70 милиони евра за придонеси и данок на добивка.

Истовремено, во овој период се водат преговори со 30 компании за вкупен обем на инвестиции над 400 милиони евра.

Одговорниот, инклузивен пристап на Владата предводена од СДСМ во привлекување нови инвестиции дава реални резултати.

Регистрирано е и значително покачување во однос на просечниот бројот на вработени, односно имаме речиси 50% зголемување во последните 5 години. Во моментов во зоните има вкупно 14.230 вработени.

Сето ова се податоци кои покажуваат дека домашната економија е веќе опоравена, дека веќе можеме да зборуваме за нови стапки на економски раст.

Како одговорна, државотворна партија, продолжуваме со реализација на мерки и политики што носат нови инвестиции, нови работни места и повисок животен стандард за сите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Македонската економија привлекува мултимилионски инвестиции

M T

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 14 %, раст на консолидираниот извоз од 20 %, со 127 нови вработувања во земјава и инвестиции од 8 милиони евра во периодот јануари – јуни 2022 г.

M T

Ковачевски – Бјерде: Се фокусираме на инвестиции во земјоделство и енергетика за забрзан економски раст

M T

АД ЕСМ-ЕБРД: Инвестиции во обновливи извори и зголемување на финансиската ликвидност на компанијата во енегретска криза

M T

Костадин Ацевски: Инвестициите во енергетиката спречија драстичен раст на цената на струјата, следува помош за најпогодените

M T

Шахпаска за Утрински брифинг: Оваа година МТСП имаше висока реализација на капиталните инвестиции, за наредната година обезбедивме двојно повеќе

M T