Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени четири лица од Кочани, меѓу нив и малолетник, кај нив била пронајдена марихуана

Четири лица од Кочани се приведени откако при извршен преглед кај нив полицијата пронашла марихуана.

Меѓу приведените како што соопшти полицијата е и едно малолетно лице.

Според информации од МВР, рано утрово на 17.07.2021 околу 01.00 часот од страна на полициски службеници на ОВР Кочани во близина на Медицински центар во Кочани, при извршен преглед на четири лица, сите од Кочани, од кои едно малолетно лице, е пронајдена марихуана.

Лицата се приведени и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК

Филипче: Без консензус нема укинување на техничката влада

ДЕСК