Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Продолжуваме со вистинска грижа за граѓаните, ДДВ за струја намалено од 18 на 5 отсто

СДСМ е целосно посветена на интересите на граѓаните и носи решенија кои овозможуваат подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани во државата, велат од СДСМ во денешното соопштение кое го пренесуваме во целост:

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на Законот за додадена вредност, со што ДДВ за електрична енергија се намалува од 18 на 5 отсто.

Успеавме да ги донесеме овие измени кои ќе спречат поскапување на цената на електричната енергија за домаќинствата и со тоа да ги заштитиме семејните буџети од зголемување на цената на електричната енергија и покрај обидите за блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Институциите предводени од СДСМ секогаш стојат на страната на граѓаните и работат за подобрување на животниот стандард.

За нас зборот е збор, ја вративме дневната евтина тарифа за струјата, а континуирано вложуваме во нови, еколошки и обновливи извори на електрична енергија со што ја штитиме животната средина.

Четири години покажуваме како се работи одговорно, посветено и во интерес на граѓаните и тоа ќе продолжиме да го правиме во иднина.

Затоа СДСМ го има најдоброто за граѓаните, најдоброто за економијата, најдоброто за нашата држава.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК

Скопјанец заврши на клиника со тешки повреди, откако среде бел ден бил претепан од едно лице

ДЕСК