23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

НУРЕДИНИ: Вендинг машините се исчекор пред новите посилни обврски предвидени во новото законодавство за отпад

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, денеска заедно со ПАКОМАК, амбасадорката на Швајцарија и директорот на ВЕРО маркетите ја промовираше долго очекуваната вендинг машини, која веќе од денеска граѓаните на Скопје можат да ја користат и да го одложуваат амбалажниот отпад, а за возврат да добиваат „зелени поени“ кои можат да ги искористат за купување производи од Веро, како и за плаќање на општински и јавни услуги.

„Вендинг машините се лесен начин на кој граѓаните можат да го селектираат отпадот и да го одлагаат на соодветно место од каде што ќе биде рециклиран, со што воедно и ќе се намали отпадот што завршува на депонија“, изјави министерот Нуредини.

Ваквите машини кои се тренд во светот стануваат дел и од нашето секојдневие. Тие се лесен начина на кој секој граѓанин има пристап за одложување на отпадот и додека пазарува, лесно се применува системот на кауција со што се стимулира поеколошко пакување и задолжителен поврат на амбалажата, а граѓаните добиваат финансиски поттик за одговорното однесување. И најпосле се намалува количината на отпад што завршува на депониите.

Поставената вендинг машина е македонски производ направен од страна на Факултетот за електротехника и информациски технологии и на Фондот за иновации, а според потребите на нашето локално население. Со нејзино поставување ПАКОМАК И ВЕРО прават исчекор пред новите посилни обврски предвидени во новото законодавство за отпад што го изработи МЖСПП.

Можеби ќе ве интересира

Кривична пријава против лице од Скопје за загрозување на животната средина и природата со отпад

M T

НУРЕДИНИ: Очекувам првите количини на линдан безбедно да стигнат во Франција

M T

Кривична пријава против скопјанец поради загрозување на животната средина и природата со отпад

M T

Град Скопје: Во Дрисла не се согорува опасен отпад без дозвола

M T

НУРЕДИНИ: Усвоени преостанатите закони од областа на управување со отпадот

M T

Шут, песок, облека, влажни марамици пронајдени во главната канализација во Шуто Оризари, надлежните апелираат на одговорно користење

M T