Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Џафери организира средба во знак на одбележување на годишнината од Сребреница

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера имаше средба со Ферид Мухиќ, Илија Николовски и Зеќир Рамчиловиќ во знак на симболично одбележување на годишнината на геноцидот во Сребреница, информираат од неговиот кабинет.

Од таму потсетуваат дека Собранието во 2010 година донесе декларација за поддршка на резолуцијата на Европскиот парламент за Сребреница од 15 јануари 2009 година и се обврза соодветно да го одбележува 11 Јули – Денот за сеќавање на геноцидот.

„Поради пандемијата и неможноста за физичко приуство во Сребреница оваа година, претседателот Џафери и членовите на собраниската делегација, кои минатите години присуствувале на одбележувањето на 11 Јули во Поточари, одлучија со средба да ја одбележат годишнината на геноцидот“, се наведува во соопштението за настанот.

Во него се додава дека во резолуцијата на Европскиот парламент усвоена во 2009 година не се споменува зборот геноцид, но во нашата декларација геницидот се нарекува со вистинското име во знак на сеќавање, со цел да не се повтори веќе никогаш.

Можеби ќе ве интересира

Драматично утро кај Требеништа: сообраќајка со три возила, повредени и апсење

ДЕСК

Скопје под полициска опсада: приведени 12 лица, најмладата е 18 годишна скопјанка

ДЕСК

Пронајдени над 9.000 парчиња пиротехнички средства во Гостивар, лишено од слобода едно лице

ДЕСК