23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Спасовски: Имаме пораст на откриени криминални групи за трговија со луѓе

 „Трговијата со луѓе, вклучувајќи ги и децата, е сериозен предизвик за полицијата“, уверува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостување на „Утрински брифинг“. Министерот кажа дека како држава уште од 2017 година имаме преземано сериозни чекори во правец на стратешко поставување во борбата против овој тип на криминална организираност, а од таа причина власта поставила и национален координатор и национален тим.

-Во 2020 година немаме откриен случај на трговија со луѓе, а во 2019 година имавме пет случаи. Забележано е и намалување на обидите за илегален влез. Добро е што обидот за илегален влез е намален и тоа покажува дека секоја од државите презема мерки за намалување на илегалната миграција. Но, криумчарењето мигранти  е познат феномен кој постои одамна, а ние имаме пораст за 32% на откриени и сузбиени криминални групи и кривично се гонат тие лица, изјави Спасовски.

Министерот истакна дека кога се зборува за жртви на семејно насилство, трговија со луѓе или експлоатација на интернет треба цело општество да ја покрене свеста, но и да се покрене свеста внатре во институциите.

-Треба да имаме образовани службеници. Конкретно за трговијата со луѓе имаме таск-форсови, кои се специјализирано обучени како да постапат со жртвите на трговија луѓе, како да се препознае трговијата со луѓе… Се водат многу кампањи и свеста е подигната, но мора ја креваме уште повеќе. Не дека нема проблем понекогаш со однесување на полициските службеници, но генерално имаме сериозно постапување и собирање докази од страна на полицијата, истакна Спасовски.

Спонзорирано: