22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Наставичката Панев избрана за ментор од МОН: Љубовта кон учениците и многу трудми овозможија напредок во кариерата

„Наставникот е тој што остава личен белег на многу генерации ученици. Тоа ја прави оваа професија волшебна но истовремено и исклучително одговорна, затоа што наставникот е тој што од првата средба со ученикот презема одговорност за неговиот раст и развој“, вели Виолета Панев, предметен наставник по англиски јазик во ОУ „Владо Тасевски“ во Скопје која е една од 141 унапредени наставници во ментори преку јавен оглас на Министертсвото за образование. „Љубовта кон професијата, многу труд да ги направи часовите по англиски интересни за учениците и ми овозможи постојаното вложување во своето надоградување. Наставник ментор опфаќа многу активности во склопот на самото училиште и надвор од образовната институција и систематското развивање на способностите. Компетенциите и вештините на еден наставник ментор се базираат на научните принципи и достигнувања од една страна и онаа практична наставна пракса во самата образовна институција“, вели наставничката Панев. За да може еден наставник да стане ментор, треба да е минимум седум години во професијата, да е вработен на неопределено време, како и да ги исполнува професионалните стандарди за наставник-ментор. Кариерниот развој на наставниците е новина во нашиот образовен систем, што стартуваше годинава, по повеќе од една деценија, најавува.

Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е вториот јавен повик за наставници од основните училишта за напредување во звање ментор е објавен.
Во самиот повик е наведена листата на училишта на кои се однесува истиот. Пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку karierenrazvoj.mon.gov.mk, каде во прилог на апликацијата се приложува и соодветна документација како доказ за исполнетост на наведените услови. Крајниот рок за аплицирање е 15 јули 2021 година. Министерството за образование и наука ги повикува сите наставници од наведените јавни основни училишта во повикот, доколку ги исполнуваат условите, да ја поднесат својата пријава во предвидениот рок, за да го остварат законски утврденото право за напредување во звање „ментор“, а со тоа и да си обезбедат повисок личен приход.

Наставник-ментор е трето ниво во професионалниот развој, по приправничкото и наставничкото ниво. Менторот, освен што треба да го води наставникот-почетник низ училишни активности и да му помага во стекнувањата на потребни умеења и вештини за самостојна работа како наставник, ги менторира и студентите од факултетите за наставници, користи иновативни приоди и им помага на колегите во спроведување на акциски истражувања и учествува во изготвување на развојни политики на училиштето. Исто така наставниците-ментори помагаат во спроведувањето на новата Концепција во основно образование, која стартува од септември годинава во прво и четврто одделение, а реформските процеси во деветолетката целосно ќе се имплементираат во следните 5-6 години.

Можеби ќе ве интересира

МОН воведува нови студентски стипендии во академската 2022-2023 година

M T

Шаќири: МОН годинава ќе реконструира четири училишта во Гостивар

M T

МОН: Одборот за евалуација на високото образование е гарант за понудата на поквалитетни, атрактивни студиски програми

M T

Почна второто полугодие, од МОН смируваат дека не е голема бројката на заразени ученици и наставници

M T

МОН: Почетокот на второто полугодие одложен за први февруари

M T

Со инвестиција на МОН набавено е современо концертно пијано за учениците и наставниците од државното музичко училиште во Скопје

M T