Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вработена во Општина Радовиш правела лажни фактури за данок на имот за нејзиниот брат

Вработена во Општина Радовиш изготвувала лажни фактури на име на нејзиниот брат за наводно плаќање данок. Со тоа, тој девет години избегнал да плати данок на имот.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против М.Т.(59) од Радовиш, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „компјутерска измама“. Пријавената, на работно место самостоен референт во Општина Радовиш, за нејзиниот брат И.Т. книжела фиктивни уплати за данок на имот, без за нив да постојат изводи, односно уплати.

При извршен увид на финансиска картичка за даночен обврзник И.Т., за период од 2009 до 2020, како и во изводите за извршени уплати на општинска сметка, финансиската картичка и изводот на промет и состојба на сметката на Општина Радовиш, полициски службеници констатирале дека уплатите прокнижени на финансиската картица од 2011 до 2020, односно во изводите на ниту едно место не фигурирало името на И.Т. како уплатувач.

Пријавената, злоупотребувајќи ја својата службена положба, во август и во октомври 2020 извршила промена со менување и внесување на невистинити податоци во финансовата картичка на даночниот обврзник И.Т.. Како доказ за извршена уплата, пријавената вметнувала податоци за наводно извршени уплати кои воопшто или не постојат или биле извршени од други лица за подмирување на сопствени даноци, кои пријавената ги прикажувала како уплати на нејзиниот брат. На тој начин му овозможила на И.Т. да се стекне со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Општина Радовиш.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК