Потпретесателката на СДСМ Мила Царовска и градоначалникот Борче Георгиевски, вечерва на маалска средба во Маџари разговараа со жителите на Општина Гази Баба.
“Многу општини во изминатиот период се трансформираа на подобро, забележан е сериозен развој и напредок во локалните самоуправи. Но тоа е така бидејќи СДСМ е партија која ги слуша и ги исполнува барањата на граѓаните. Вечерва сме овде токму за тоа да слушнеме што е најдоброто за вашата општина и заеднички да го реализираме во наредниот период”, рече Царовска.
Царовска истакна дека како на централно така и на локално ниво забрзано се инвестира во развој на образованието.
“Доказ дека СДСМ работи исклучиво во интерес на граѓаните се реформите со кои воведуваме нови наставни програми, го унапредуваме наставниот кадар и инвестираме во подобрување на условите во училиштата”, рече Царовска.
Еден од позначајните инфраструктурни проекти во Општина Гази Баба е изградбата на ОУ „Григор Прличев“ за 400 основци за која се издвиени 82,5 милиони денари во 2020 година. Изграден е нов училишен објект за ОУ „Вера Јоциќ“ во населбата Маџари, како и нов објект и инвентар за ОУ „Вера Јоциќ“ во населба Хиподром со инвестиција од 23 милиони денари во 2019 – 2020 година, а во тек е изградба и на спортска сала. Исто така, преку Проектот МСИП во ООУ 25 Мај во населба Сингелиќ e реконструирана котларата со инвестиција од 2,9 милиони денари.
“Да потсетиме и дека Владата на СДСМ на општините им стави на располагање неповратни 3 милијарди денари или 50 милиони евра. Овие пари беа наменети за покривање на заостанатите долгови и одблокирање на општинските сметки кои зад себе ги оставија градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Од сето ова јасно се гледа кој работи во интерес на граѓаните и што е најдоброто за нашата односно вашата општина”, рече Царовска.